Германија потпиша договор од 2,1 милијарди евра со „Ербас“ за воени сателити

Германската армија потпиша договор вреден 2,1 милијарди евра со „Ербас“ за следната генерација воени комуникациски сателити наречени „SatcomBw 3“, соопшти денеска „Ербас“.

Договорот вклучува управување со проекти за два сателити „како и копнениот сегмент (станици за прием), лансирање и работа за 15 години“, се вели во соопштението.

Сателитите „SatcomBw 3“ мора да бидат лансирани и распоредени „пред крајот на деценијата“ на височина од 36.000 километри. Германскиот производител на сателити OHB и малите и средните претпријатија се исто така вклучени во проектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот