Германија издвои нови 200 милијарди евра за помош на граѓаните и фирмите во енергетската криза

Бензиска пумпа во Германија, Фото: Profimedia

Германската Влада усвои нови мерки во борбата против енергетската криза, што вклучуваат утврдување горна граница на цените на гасот и на електрична енергија, за што ќе бидат издвоени 200 милијарди евра.

„Цените мора да паднат и федералната Влада ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за да обезбеди пензионерите, семејствата, но и претприемачите и индустријата да можат да ги платат сметките за енергија”, рече германскиот канцелар Олаф Шолц при претставувањето на новиот владин пакет енергетска помош.

Шолц го нарече пакетот „енергетска војна” што Путин ја води против Европа.

„Русија ја користи енергијата како оружје”, рече Шолц кој додаде дека имајќи ги предвид оштетувањата на гасоводите „Северен поток 1 и 2″, „во догледна иднина” гас од Русија нема да стигнува гас во Германија.

Шолц ги нарече историски средствата што Владата во Берлин оваа година ги подготви за ублажување на последиците од драстичното зголемување на цените на енергенсите.

„Со претходните енергетски пакети и со овој најновиот, федералната Влада издвои вкупно 300 милијарди евра помош”, рече Шолц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот