Германците нарачаа турбини на ветер од Кина и предизвикаа низа критики

Во подем е генерирање струја од обновливи извори - Фотографија ЕПА, Нил Хол

Германската компанија за управување со средства, „Лукскар“, објави дека потпишала договор со кинеската „Минг Јанг“ за снабдување со турбини на ветер за парк во Северното Море, што предизвика лавина критики меѓу европските производители.

Кинеската компанија треба да испорача 16 турбини со моќност од 18,5 MВ, кои ќе бидат инсталирани во 2028 година во паркот Ватеркант во германските води на Северното Море. Ватеркант ќе произведува електрична енергија за околу 400.000 домаќинства и ќе ѝ помогне на Германија да ја постигне целта за задоволување на 80 отсто од потребите за електрична енергија од обновливи извори до 2030 година, објави во вторникот „Лукскар“, пренесува Пословни хр.

Договорот е потпишан по меѓународен тендер и темелна анализа на синџирот на снабдување, влијанието врз животната средина и заедницата и стандардите на корпоративното управување, кои ги пропишува ЕУ, посочува германската компанија, додавајќи дека сајбер-безбедноста била и проверена. „Ватеркант“ темелно ги анализираше понудите на турбините кои пристигнаа на меѓународниот тендер објавен на крајот на 2023 година“, нагласи „Лукскар“, додавајќи дека делови за турбините ќе се набавуваат од европски подизведувачи.

Нарачката предизвика бран критики кај европските производители. Договор ќе ѝ овозможи на Кина пристап до клучната германска инфраструктура, предупреди во средата „ВиндЕвропа“, додавајќи дека турбините за „Ватеркант“ би можеле да бидат испорачани од европски производители.

Инсталираните турбини на ветер во ЕУ главно се од домашно производство, но кинеските производители освоија приближно две третини од глобалниот пазар до крајот на 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот