Германците да не се жалат многу, туку да облечат уште еден џемпер, им порача Шојбле

Фото: EPA-EFE/OMER MESSINGER / POOL

Поранешниот претседател на Бундестагот и сојузен министер за финансии на Германија, Волфганг Шојбле, ги повика Германците „да не се жалат премногу, туку да облечат уште еден џемпер“.

Тој рече дека кога ќе се смрзнуваат, Германците можеби ќе треба да облечат и втор џемпер, а ако нема струја, да ги подготват свеќите.

Еден ден претходно, федералната влада, заедно со комисија експерти, претстави план за ограничување на цената на гасот. Но, според Шојбле, Германците не треба да се потпираат само на помошта на политичарите.

„Ако им сугерираме на луѓето дека сè е неограничено, ние прекумерно ја експлоатираме државата“, изјави 80-годишниот политичар во интервју за Билд.

„Мора да се осигурате дека им помагате само на оние на кои вистински им треба помош. На другите, мора да им кажете: Ако не морате, не можете да одите на одмор“, рече Шојбле, осврнувајќи се на политиката на властите за антикризна помош на населението.

Русија го прекина снабдувањето со гас и Германија според сите проценки ја чека тешка зима. Многу други европски земји се во слична ситуација, а властите постојано ги повикуваат граѓаните да штедат, за зимава да нема рестрикции на снабдувањето со енергенси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот