Герапетритис: Поголема Европа значи посилна Европа

Јоргос Герапетритис/ Фото: Kenzo TRIBOUILLARD / AFP / Profimedia

„Европската Унија во време на две војни и огромни предизвици, мора да остане стабилна – а стабилноста доаѓа со проширувањето“ порача шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис кој присуствува на министерскиот Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан. Тој рече дека поголема Европа значи посилна Европа.

Пред почетокот на состанокот на кој главната тема е ЕУ интеграцијата на регионот, шефот на грчката дипломатија посочи дека „важно е Западен Балкан да остане на вистинскиот пат за својата европска перспектива“, пренесе МИА.

-Важно е да им се даде визија на луѓето од Западен Балкан, со цел да се забрза овој процес, што започна со грчка иницијатива пред 21 година, во Солун и ние целосно го поддржуваме. Западен Балкан треба да ги исполни поставените критериуми, особено целосното усвојување на европското законодавство и меѓународното право. Многу е важно, од витално значење за Европската унија, во екот на две војни и огромни предизвици во нашиот регион и пошироко во светот, да останеме стабилни. А стабилноста доаѓа со проширувањето. Поголема Европа е посилна Европа, порача Герапетритис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот