ГЕНИЈАЛНИОТ ЛУКАКУ: Не сакаше хет-трик и му овозможи на Еспозито да испише историја! (ВИДЕО)

фото: твитер

Фудбалерите на Интер убедливо на домашен терен ја совлада Џенова со 4:0, а овој меч нема да го заборави 17-годишниот Себастијано Еспозито.

Станува збор за играч кој во младинската школа на „неро-аѕурите“ дојде пред неколку години од Бреша, а оваа сезона со одличните партии добива сè поголема доверба кај тренерот Антонио Конте.

Пред овој меч запиша шест настапи за сениорската екипа, а денеска го прослави и првиот погодок, а тој му го овозможи Ромелу Лукаку.

На Белгиецот му недостасуваше уште еден гол да го комплетира хет-трикот, но одлучи да му даде топката на младиот Еспозито кој ја искористи шансата и ја претвори во реализација за потврда на големото славје на трибините на „Џузепе Меаца“ во Милано.

Овој негов прв гол во Серија А го посвети на неговата мајка, воедно му се заблагодарува на клубот, сите негови соиграчи и пријатели.

– Ромелу е фантастична личност како и одличен играч. Ми рече, само застани пред белата точка, одлучи се и удри ја топката – беа зборовите на младиот италијански У19 репрезентативец.

Вакви слики ретко се гледаат во модерниот фудбал, но кога ќе ги видиме, сфаќаме зошто ова е најважната споредна работа на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот