Генералштаб на грчката армија: Се зајакнуваат врските со С. Македонија

Фото: mia.mk

За учеството на грчките воени авиони Ф-16 за време на вчерашната прослава на годишнината од членството нашата земја во НАТО, како и за билатералните воени активности меѓу Северна Македонија и Грција, со соопштение излезе Генералштабот на грчката армија во кое меѓу другото, вели дека овие активностите ги зајакнуваат врските меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генералштабот велат дека со потпишување и спроведување на Програмата за воена соработка на Грција со Северна Македонија, со преземање на мисијата за надзор на воздушниот простор (Air Policing), но и спроведување на активности како што се обука за НАТО стандардизација, потпишување на Договор за размена на класифицирани информации и извршувањето на низа едукативни активности меѓу вооружените сили на двете земји, „придонесуваат максимално за непречено и брзо прилагодување на Република Северна Македонија со процедурите на Алијансата”.

– Дополнително, горенаведените активности ги зајакнуваат врските меѓу двете земји и придонесуваат за унапредување на улогата на Грција и нејзините вооружени сили како фактор на безбедност и стабилност на Балканот, соопштуваат од Генералштабот на грчката армија.

Во текот на вчерашниот ден, за време на прославата на годишнината од членството во НАТО, три грчки Ф-16 прелетаа над Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот