Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Похуван карфиол

Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – похуван карфиол.

– Похуваниот карфиол е однадвор крцкав, а внатре мек како путер. Јас го пржев во масло за готвење, а поздрва варијанта е да се пече во рерна. Карфиолот е многу здрав, а има специфичен вкус, но сѐ зависи од тоа како го подготвувате. Овој рецепт е брз и лесен за подготовка и вкусен за јадење – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 1 главица карфиол
– 3 јајца, изматени
– 3 лажици брашно
– 150 грама презла
– зачинал, сол, лук во прав и масло за готвење

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Во зовриена вода се става лажица сол и исчистена главицата карфиол, да се вари десетина минути. Откако ќе се излади и исцеди, се сече на листови со дебелина од 1 см, секое парче се зачинува со зачинал и лук во прав. Потоа, секое парче се валка во брашно, па во јајце и на крај, во презла.

Се пржат во масло со средна температура, додека да заруменат или се редат во тава на хартија за печење и се печат 10-15 минути, во загреана рерна на 220 степени Целзиусови.

На здравје!

Фото: Приватна архива

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот