Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Мини павлови – мали слатки задоволства

Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за неодолив гурмански деликатес – мини павлови.

– Уживајте во животот и во овие малите слатки задоволства, кои ќе ви го разубават секој ден! Овој лесен рецепт е комбинација од крцкави, ронливи и слатки ѕидови од белки, полни со фил и свежо овошје – порачува Бобе.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Состојки:

– 3 белки
– 240 грама шеќер
– 1 лажичка оцет

Фил:

– 150 грама маскарпоне
– 100 грама шеќер во прав
– 100 џем од јагоди/капини/малини
– 150 грама јагоди/капини/малини
– гранче нане за декорација

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Белките се матат со миксер – цврст снег, потоа, без да се прекине матењето, се додава постепено шеќер и на крај се додава едно мало лажиче оцет, не е важно каков, јас ставив јаболков, може и вински. Шамот се полни во торбичка од шприц и се формираат гнезденца во плех (обложен со хартија).

Се печат на 100 степени, во загреана рерна еден час без отворање, се исклучува рерната и не се отвораат уште 10 минути. Треба да се внимава да останат бели, да не заруменат.

Се филуваат пред да се сервираат – се става една лажица џем, се полнат со филот (изматено маскарпоне со шеќерот во прав) и врз нив се става свежо овошје по желба и ливче нане за декорација.

На здравје!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот