Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Лепчиња за хамбургер

Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – лепчиња за хамбургер.

– Со малку квасец и љубов, ќе создадете неодоливи лепчиња за хамбургер, меки и воздушести како памук. Со едноставни состојки и лесна подготовка, овие лепчиња ќе го направат вашиот оброк незаборавен – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки за тесто:

– 900 грама – 1 кг брашно
– 500 мл млако млеко
– 40 грама свеж квасец
– 1 голема лажица мед
– 1 голема лажица сол
– 1 лажица маслиново масло
– 2 жолчки за премачкување
– сусам по желба

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Во длабок сад се замесуваат сите состојки за тесто, освен жолчките и сусамот. Тестото треба да е меко, речиси лепливо, се покрива со памучна крпа и се остава да стаса околу 40 минути. Потоа, се вади од садот и се размесува на набрашнета површина. Се формираат топчиња со големина по ваша желба и се редат во тава обложена со хартија за печење. Повторно се покриваат со памучна крпа и се оставаат уште еден час.

Се премачкуваат со изматените жолчки, по желба се става и сусам и се печат 20 до 25 минути во загреана рерна на 230 степени Целзиусови, за убаво да заруменат.

Кога станува збор за совршен хамбургер, основата е подеднакво важна како и самото месо. Замислете си меко, воздушесто лепче, кое само чека да се наполни со вашиот омилен вкус.

На здравје!

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот