Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Корален колач со вишни

Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – корален колач со вишни.

– Овој корален колач е прекрасна комбинација од сунѓересто тесто прекриено со вишни и ванила крем што ќе го разубави вашето вкусно патување – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:
За тесто:

– 80 грама путер (маргарин)
– 3 јајца
– 200 грама шеќер
– 250 грама брашно
– прашок за печиво
– 3-4 лажици млеко

Фото: Приватна архива

Бел фил:

– 700 мл млеко
– ванила
– 150 грама шеќер
– 2 пудинга од ванила
– 3 лажици кисела павлака
– 5 грама желатин
– 500 грама вишни (исчистени од семки)

Корален прелив:

– 150 грама изблендирани вишни
– 100 грама шеќер
– 5 грама желатин

Фото: Приватна архива

Начин на подготовка:

Се мати путерот со шеќерот, па се додаваат јајцата, млекото, прашокот за печиво и брашното. Оваа смеса се сипува во намастена тава и се пече 20 минути во загреана рерна на 175 степени.
Печеното тесто се полева со ликер од вишни и врз него се редат вишните исчистени од семки.

Млекото, шеќерот, ванилата и пудинзите се варат за да се згуснат. Кога ќе се згусне пудингот, се тргнува од оган и се додаваат киселата павлака и желатинот што претходно е растворен во ладна вода. Се меша убаво да се соедини. Вишните се полеваат со белиот крем што треба да биде топол и се остава да се излади додека се подготвува преливот.

Прелив: Зовријте ги изблендираните вишни со шеќерот. Се остава да вријат 5 минути па се додава претходно растворен желатин во ладна вода. Се меша се заедно и се прелева коралниот прелив врз изладениот бел крем. Колачот се остава 30 минути да се излади во фрижидер, потоа се сечат коцки. Кога ќе се сервира, одозгора може да се декорира со вишни и свежо нане. Уживајте во оваа вкусна артистичка комбинација и задоволство.
На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот