Гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Крем од лимон

Фото; Приватна архива

Дијана Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно вистинско гастрономско уживање – крем од лимон.

– Ако сте љубител на освежителни и киселкави десерти, тогаш овој крем од лимон дефинитивно ќе ви се допадне. Се прави за 5 минути, а и многу слатко изгледа кога се сервира во издлабени половинки лимон. ( Сосема опционално, може да го сервирате и во мали чашки.) Оваа количина е за 6 половинки лимон – објаснува Дијана.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 5 грама рендана кора од лимон (кора од 1 лимон)
– 30 мл сок од лимон (сок од еден лимон)
– 75 грама шеќер
– 200 мл слатка павлака
– 1 лажиче ванила екстракт
– половинки од 3 лимони издлабени за сервирање

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Изрендајте ја кората од лимон и измешајте ја со шеќерот.

Додајте ја слатката павлака и загревајте ја смесата на среден оган додека зоврие.

Тргнете ја смесата од оган, додајте го сокот од лимон и ванилата.

Поминете го кремот низ цедалка и поделете го врз половинките лимон или чашките за сервирање.

Прво изладете го кремот на собна температура, а потоа нека стои минимум три часа во фрижидер пред сервирање.

Уживајте!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот