Гаши: Носителите на нашите листи и идните функционери ќе бидат луѓе без криминално досие

Африм Гаши, претседател на Алтернатива во „Утрински брифинг„ на „Слободна ТВ“ изјави дека привршуваат консултациите со коалицискиот партнер и дека навремено ќе ги завршат сите работи за до среда, кога ќе се одржи состанок на ЦО- највисокиот орган во партијата.

Околу можната коалиција со некоја македонска партија, Гаши вели дека се уште немаат разговарано со ниту еден политички субјект околу ова прашање и дека најбитно им е како коалиција во албанскиот блок победата.

-Тоа е многу битно не само за Албанците, туку и за Македонија воопшто. Ова е битно, затоа што како што знаете, ДУИ е веќе 20 години на власт. После 12 април, треба да ги испратиме во опозиција. И граѓаните Албанци тоа го сакаат. Важно е ние да имаме добра понуда, достоинствен кампања – така и би дошле до оваа победа. На крајот мислам дека бројките ќе кажат се, изјави Гаши.

Околу разликата меѓу концептот „Едно општество за сите“ и „Една држава за сите“, Гаши вели дека концептот „Држава за сите“ е многу подлабок.

-Ние како сите граѓани во оваа држава треба да почнеме да сакаме да бидеме лојални граѓани во државата, а во исто време таа да биде сервис на сите граѓани. Општество за сите е нешто што е надвор од државата. Државата во општеството е само еден елемент. Еден од најбитните, но не е се. Мислиме дека со нашиот концепт, ќе имаме похармонично општество. Општеството за сите треба државата да го гради. Тоа е битно, но суштествена за Албанците, затоа што Албанците и другите заедници немаат против да живеат во вакво општество, они се навикнати и го сакаат ова мултиетничко општество, вели Гаши.

Тој смета дека во суштина се работи за концептот на еднаквост, со цел градење на кохезивно општество и држава за сите.

-Еден од проблемите на нашата е држава што носиме битни одлуки во бурни времиња. Тоа не треба да е така. Треба во мирни времиња да се носат тие одлуки. Ние и државата ја направивме во бурно време и Рамковниот договор беше во бурно време, Пржинската влада, СЈО исто така. Ако сме државници, треба да одлучуваме во мирни времиња. Затоа ние ќе работиме на формулата во мирни времиња да се договориме, консензуално, за концепт кој ќе биде прифатлив за сите, добар за државата, добар за сите граѓани и ќе ја развие Македонија во добра насока, вели Гаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот