Гаши – Франгеш: Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши остварил средба со посебниот советник за Западен Балкан Анжеј Франгеш, на која, како што соопшти собраниската прес-служба, изразил благодарност за заложбите на Словенија да назначи специјален претставник за Западен Балкан, со што ја потврдува својата посветеност на европската перспектива на земјите од Регионот, вклучително и нашата земја.

– Словенија е искрена, пријателска земја, силен поддржувач на евроинтеграциите. Особено се ценат нејзините заложби за одржување на прашањето за проширувањето високо на агендата на Европската Унија. Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро, затоа што и Балканците се Европејци и тоа е во корист не само на овие земји, туку и на самата Унија. Во таа насока, прашањето за уставните измени како пречка за влез во големото европско семејство треба да се реши што поскоро, а реформскиот процес да продолжи. Помошта и поддршката од посебниот советник Франгеш е добредојдена како одличен познавач на Регионот – се наведува во оопштението.

Франгеш на претседателот на Собранието Гаши му посакал успешна работа во новиот мандат, истакнувајќи дека парламентарната демократија е многу важна.

-Соговорниците оставија отворена врата за соработка, со почести средби и поактивна улога во наредниот период – се вели во соопштението. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот