Галант: На израелската армија потребни и се 10.000 војници

Јоав Галант / Фото EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант денеска изјави дека на израелската армија потребни и се 10.000 војници.

Галант пред парламентарната комисија за надворешни работи и одбрана истакна дека 4.800 војници можат да се регрутираат од заедницата на ултраортодоксните Евреи, кои се 13 проценти од жителите на Израел.

Врховниот суд на Израел во јуни пресуди дека ултраортодоксните Евреи мора да бидат регрутирани и да служат во војска, потврдувајќи ја пресудата во мај дека државата нема овластување да ги ослободува ултраортодоксните мажи.

Илјадници ултраортодоксни Евреи синоќа се судрија со израелската полиција во центарот на Ерусалим за време на протестот против наредбата на Врховниот суд за нивната задолжителна воена служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот