Фудбалерите до 17 години ќе одиграат два контролни натпревари со Кипар, селекторот Каранфиловски го објави списокот

Фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Кипар.

Двата меча ќе бидат одиграни на 1 и 3 октомври во Никозија и претставуваат последна проверка пред квалификациите за пласман на ЕП кои на програмата се кон крајот на октомври во Исланд.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Раде Каранфиловски се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Антониј Трајковски, Стефан Стаматовски, Александар Трајков, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Давид Ангелевски, Лорент Жаку, Блерон Бајрами, Александар Грашески, Бленди Ганиу, Алекс Запончек, Ненад Дамјановски, Христијан Јевтовски, Јован Мрмачовски, Флорент Османи, Алек Сиваков, Кристијан Марковски, Мартин Џангаровски, Стефан Бранковски, Андреј Ристовски, Иво Марковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот