Фронтменот на „Ред хот чили пеперс“ го шокираше светот со врската со 31 година помлада манекенка: Хелена имала само 19 кога живеела со него

Ентони Кидис и Хелена Вестергард/Фото: Malibu Joe / Backgrid USA / Profimedia

На свеченото затворање на Олимписките игри во Париз имавме можност да видиме вистински спектакл, а љубителите на музиката ги воодушеви бендот „Ред хот чили пеперс“. Оттогаш социјалните мрежи и светските медиуми не престануваат да пишуваат за Ентони Кидис, фронтменот на бендот, а сето тоа поради неговата поранешна девојка Хелена Вестергард.

Ентони Кидис и Хелена Вестергард/Фото: Malibu Joe / Backgrid USA / Profimedia

Ентони Кидис сега има 61 година, но пред 11 години, кога имал 50 се забавувал со Хелена, која тогаш имала само 19 години.

Според американскиот закон, лице кое има 21 година се смета за полнолетно, што Хелена тогаш не била.

Ентони Кидис и Хелена Вестергард/Фото: Allison Joyce / Getty images / Profimedia

Хелена е австралиска манекенка, а тогаш дури и живеела со Ентони и неколку пати изјавила дека разликата во години не ѝ пречи.

„Тоа не ме загрижува. Не можам да бирам во кого ќе се заљубам. И двајцата сме среќни и тоа е најважното нешто“, изјавила тогаш таа.

Очекувано нивната врска наиде на остри критики во јавноста. Многумина го нарекоа педофил, коментирајќи дека е неприфатливо маж на негова возраст да се забавува со толку помлада девојка. Нивната врска траеше уште неколку месеци и потоа раскинаа, а врската која ја имаа сѐ уште е тема на медиумите.

Ентони Кидис и Хелена Вестергард/Фото: Malibu Joe / Backgrid USA / Profimedia

Минатата година на официјалната страница на Инстаграм беше објавена фотографија на која Ентони се бакнува со својата колешка Микаела Мулани Штраус, попозната по прекарот Кралската принцеза (24).

„Љубовта победува“, гласеше описот на фотографијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот