Фронт 21/42 го поздрави повлекувањето на законот за Охридското езеро и за Студенчишко блато

Студенчишко блато/Фото: МЖСП

Одлуката на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање да се повлечат Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ја поздрави невладината организација Фронт 21/42.

-Искрено го поздравуваме ваквиот потег и се надеваме дека МЖСПП во најскоро време ќе отпочне широки консултации со сите засегнати страни за доследно да се вградат препораките на Бернската конвенција и да се обезбеди ефективна заштита каква што заслужуваат овие две исклучително значајни меѓународно заштитени подрачја. Фронт 21/42 претходно достави Претставка до релевантните собраниски комисии со укажување на неусогласеноста на Предлог законите со Уставот и барање за стопирање на процесот за нивно усвојување, соопшти Фронт 21/42.

Тие се надеваат дека повлекувањето на Предлог законите означува почеток на блиска соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор која ќе резултира со вистинска заштита на нашето најголемо природно богатство, но и унапредување на владеењето на прaвото во нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот