Фрлен солзавец на концертот на Горан Бреговиќ во Албанија: Општ хаос и паника меѓу присутните

Фото: Горан Бреговиќ / EPA/MARTIAL TREZZINI

Познатиот музичар Горан Бреговиќ синоќа настапил на фестивалот на пивото во Корча во Албанија. За време на концертот се случил инцидент што предизвикал општ хаос и паника, пренесуваат албанските медиуми.

Имено, на настапот на Горан бил фрлен солзавец, па многумина одлучиле веднаш да го напуштат фестивалот, посочува српски „Телеграф“.

Децата и постарите се упатиле директно кон излезот, додека на едно лице му била укажана и лекарска помош. Откако ситуацијата се смирила, концертот продолжил, а тимот на Бреговиќ, сè уште нема коментар за она што се случило.

Фото: Горан Бреговиќ / EPA/DUMITRU DORU

Повеќе од 200 полицајци биле ангажирани за обезбедување на концертот, од кои повеќето биле околу сцената, додека останатите биле распоредени на главните градски улици. Хотелот во кој престојувал Бреговиќ го чувале и бројни полициски и цивилни сили.

Бројот на посетители бил помал во споредба со претходните четири вечери на фестивалот. Поради безбедносни причини, присутните не можеле да внесат шишиња, како и други предмети, особено метални.

Веста за настапот на Бреговиќ на фестивалот на пивото во Корча во југоисточна Албанија предизвика бран негативни реакции во јавноста во Косово изминатиов период. Имено, била отворена и петиција на Интернет против неговото учество во настанот, но сепак настанот се случил.

Протестот против Бреговиќ во Албанија неуспешен, се појавиле само четворица

Во петицијата се наведува дека Бреговиќ е „инспиратор на геноцидот во Косово“ и дека неговата песна „Калашников“, како што се додава, „служела како инспирација за српските паравоени формации да извршат злосторства на Косово“.

Поради концертот на Бреговиќ, претходно во Корча се одржал и протест, на кој се појавиле само четворица.

Полицијата уапси девет лица поврзани со фрлањето солзавец на концертот на Бреговиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот