Фрлаат отпад на улица, покрај празните контејнери

Создавање дива депонија крај контејнери Фото: Град Скопје

Екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје реализираат акција за отстранување обемни диви депонии низ градот, информира Град Скопје. Сторителите ќе бидат санкционирани и едуцирани.

Инспекторатот на Град Скопје со екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје реализираат акција за отстранување обемни диви депонии низ градот, информира Град Скопје.

Оттаму велат дека фатиле граѓани кои сакале да направат дива депонија.

„Конкретно на депонија лоцирана на улица Тодор Александров во непосредна близина на Амбасадата на Република Туркије, се фатени лица како непрописно фрлаат отпад покрај празни контејнери со што свесно и со намера креираат дива депонија“, соопшти Град Скопје.

Во рамките на акцијата се нотирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад.

„По отстранувањето на дивата депонија, ќе се спроведе и рачно миење на микролокацијата, а сторителите ќе бидат санкционирани и едуцирани. Во претстојниот период, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена Скопје и Зинсоекторатот на Град Скопје ќе спроведат зачестен патролен надзор на оваа микролокација“, соопштија од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот