Француските режисери Беноа Жако и Жак Дуајон приведени поради обвиненија за сексуална злоупотреба

Беноа Жако, Џидит Годреш и Жак Дуајон / Фото: Profimedia

Еминентните француски режисери Беноа Жако (77) и Жак Дуајон (80) се приведени во полиција на сослушување поради обвинувања за долгогодишна сексуална злоупотреба, јавуваат француските медиуми, а пренесе „Би-би-си“.

Француската актерка Џидит Годреш (52) го обвини Жако дека ја силувал кога била дете, а Дуајон дека сексуално ја нападнал, исто така, кога била дете.

Двајцата ги отфрлија обвинувањата, а нивните адвокати го осудија нивното притворање.

Адвокатот на Дуајон, Мари Досе, рече дека ниту еден правен критериум не може да го оправда неговото притворање „36 години“ по наводниот инцидент.

Според францускиот закон, поединецот може да биде задржан во полициски притвор до 48 часа.

Претходно оваа година, Годреш поднесе жалба против Жако, обвинувајќи го за силување во 1986 година, кога имала 14 години. Исто така, го обвини и Дуајон за сексуално малтретирање за време на снимањето на еден од нивните заеднички филмови. Обвинувањата поттикнаа заедничка истрага во февруари.

Иконата на француската кинематографија глумеше во бројни филмови, меѓу кои „Ноќ“ („The Overnight“) (2015), „Шпански стан“ („L’Auberge espagnole“) (2002) и „Човек со железна маска“ („The Man in the Iron Mask“) (1998).

Имала само 14 години: Француската актерка Џидит Годреш го обвини познатиот режисер за силување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот