Францускиот предлог е сериозна победа на нашата дипломатија, вели Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека т.н. „француски предлог“ за почеток на преговорите за членство на земјава во Европската унија е „сериозна победа на македонската дипломатија“

-Тој француски предлог е еден сплет на комплексни документи, во кој што влегува и преговарачката рамка, влегува и договорот за добрососедство. И тука нема ништо лошо, напротив тука има сериозна победа на нашата дипломатија, рече Филипче на денешната прес конференција, критикувајќи ги владините политики во првите 100 дена.

„Прво од билатерално, прашањето со Бугарија се издигнува на ниво на дискусија со ЕУ. Понатаму, самиот договорот за добрососедство по својот концепт на добри релации со соседите е нешто што влегува и во Копенхашките критериуми. Понатаму, сериозен успех на дипломатијата е тоа што за разлика од Србија, каде што релациите со Косово се во посебно поглавје, овој договор и почитувањето на договорот практично е само во општиот дел на преговарачката рамка“, вели Филипче.

„ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со една голема лага – дека ќе ги подобри преговарачките позиции на Северна Македонија со Европската Унија. Но, само во првите 100 дена од владеењето на Мицкоски не само што не гледаме никаков напредок на тој план, напротив гледаме влошување на нашата позиција. Прво со Грција, а понатаму и со Бугарија за да дојдеме до ситуација во која е усвоена нова резолуција во бугарскиот парламент“, рече лидерот на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот