Франција – Белгија прво дерби во нокаут фазата, Словенија ги чека Роналдо и друштвото

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

На програмата на Евроспкото првенство денес се нови два осминафинални натпревари, а еден од нив е и дерби-пресметката помеѓу Франција и Белгија. Во вториот дуел се среќаваат Португалија и Словенија.

Французите се едни од главните фаворити за освојување на првенството, меѓутоа по групната фаза во која не покажаа премногу уште веднаш ќе се соочат со силен противник. Интересно е што Французите во првите три натпревари на првенството не постигнаа гол од игра, Австрија си постигна автогол, додека Мбапе против Полска погоди од пенал.

Белгија е одлична репрезентација во која лидери се Де Брујн и Лукаку и сигурно дека ќе сакаат да им ги расипат сметките.

Мбапе како што е познато ќе игра со маска и скршен нос, Дешам нема повеќе простор за калкулации, ќе видиме дали настапите во групите беа свесна тактика на францускиот селектор или пак Франција ќе има проблеми и сега.

Словенија е едно од пријатните изненадувања на шампионатот, досега на првенството немаат ниту победа, ниту пораз. Групата ја поминаа со три нерешени средби. Португалија изгледаше одлично, а загуби во последниот натпревар против Грузија со 2:0. Сепак, треба да се знае дека пред тој натпревар го имаа обезбедено пласманот.

Кристијано Роналдо сè уште чека на својот прв гол на шампионатот на кој сака успех, а Португалците сега немаат право на кикс како во третото коло од групната фаза.

18:00: Франција – Белгија

21:00 Португалија – Словенија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот