ФОТО+ВИДЕО | Трпеше навреди и „плукања“ поради телото: Адријана Лима се врати и изгледа бомбастично!

Фото: Collin_Image Press Agency / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia Printskrin / Instagram

Светскиот топ модел Адријана Лима (43) во 2018 година за последен пат прошета на модната писта за познатиот моден бренд „Викторијас сикрет“. Потоа, својата манекенска кариера ја стави на пауза, бидејќи нејзината улога како родител беше многу поважна. Во меѓувреме, се појави на само неколку модните ревии.

Како што одминуваше времето, така и физичкиот изглед на бразилската убавица се менуваше. Набргу откако го роди своето трето дете, пошироката јавност почна да ја критикува нејзината фигура.

Во интервјуто за магазинот „Пипл“ таа зборуваше за својата борба со вишокот килограми, и истакна дека „секој ден за неа е нова борба“.

Адријана Лима на Филмскиот фестивал во Венеција во 2023 година / Фото: Maria Laura Antonelli / Avalon / Profimedia

Но, денес ситуацијата е сосема поинаква. Таа го остави своето темно минато зад себе, а на овогодинешната Модна недела во Париз реши да го покаже своето ново/старо јас.

Овој пат таа се најде во добро позната улога – улога на манекенка Лима прошета по пистата за познатиот моден бренд „Скиапарели“ (Schiaparelli) во рамките на ревијата пролет/лето 2025 година.

Судејќи по фотографиите, таа успеа да си ја врати фигурата која ја прослави во светот на манекенството, а нејзините многубројни обожаватели беа воодушевени од нејзиното неочекувано враќање.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Адријана Лима ја објави првата фотографија од синот Сајен

ФОТО | Адријана Лима не ослабна по породувањето и изгледа божествено

ФОТО | Адријана Лима во провокативно издание на фестивалот во Венеција: Достоинствено ги истакна облините

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот