ФОТО+ВИДЕО | Том Круз продолжува со акробации и на 62 години: Висеше од авион додека снимаше филм

Том Круз / Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Актерот Том Круз висеше од авион кој беше превртен во лет, додека ги снимаше сцените за новиот дел од „Невозможна мисија“. Се чини дека 62-годишниот холивудски актер не носел падобран бидејќи се држел за авионот за време на трик што ретко кој би се осмелил да го повтори.

Фотографиите објавени од британските медиуми го покажуваат застрашувачкиот момент кога авионот се превртел, оставајќи го Том да се држи за крилото.

„Изгледаше дека ликовите снимаат сцена со борба каде што се караат пред авионот да се преврти наопаку. Пилотот беше облечен во зелено, што сугерираше дека ќе биде отстранет од сцената, а Круз и Моралес ќе бидат единствените во авионот“, изјавил извор за „Мирор“.

Круз стана препознатлив токму поради акробациите кои сам ги изведува, а имаше и улоги за кои такви работи беа особено неопходни, почнувајќи од „Топ Ган“ па завршувајќи со бројните продолженија на „Невозможна мисија“.

Неодамна беше забележан во студиото Лонгкрос во Велика Британија, како снима сцени преполни со акција, додавајќи акробации со потпис на новиот дел од франшизата.

Претходно во април, Круз беше фатен на снимање во близина на Даунинг стрит во Лондон, прикажувајќи драматични моменти кои навестуваа предизвици за неговиот лик, агентот Итан Хант.

За последниот објавен дел од „Невозможна мисија“ тој се надмина себеси, изведувајќи БАСЕ скокање од карпа. Овој потфат беше окарактеризиран како „најголемиот трик во историјата на кинематографијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот