ФОТО+ВИДЕО | Статуа на гол Доналд Трамп се појави во Лас Вегас, висока е околу 15 метри

Фото: Икс/@I_Am_Gatorboy45

Статуа на гол Доналд Трамп е поставена покрај автопат недалеку од Лас Вегас. Некој ја поставил во саботата на оградена парцела, како дел од проектот „Искривени и непристојни“. Висока е околу 15 метри и тежи повеќе од 2,7 тони.

Статуата наликува на намуртениот Трамп, со рацете прикачени со јажиња, што им овозможува да се движат како марионета. Изработена е од метална арматура, обложена со пена и стиропор.

„Ова е смело дело за транспарентноста и ранливоста на јавните личности од светот на политиката“, изјавија анонимните креатори на статуата за локалните медиуми.


Тие се нарекуваат активистички уметнички колектив, а нивната работа е проект наречен „Царот нема топки“, пренесува „Индепендент“.

Тие се надеваат дека статуата ќе започне дискусии за транспарентност во политиката и, како што велат, ќе ги предизвика граѓаните да размислуваат за политичко влијание.

Ова не е првпат статуите на кандидатите на претседателските избори да се појавуваат на ваков начин. Во 2016 година, дури пет голи статуи на Трамп се појавија во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Кливленд и Сиетл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот