ФОТО+ВИДЕО | Си го исполни сонот на 43 години: Водителката Елена Стојановска настапи во балетска претстава во НОБ

Фото: Инстаграм/Елена Стојановска

Македонската водителка Елена Стојановска (43) е познато телевизиско лице на македонската јавност, која повеќе години е дел од утринската програма на телевизија Сител.

Од неодамна, таа почна да оди на часови по балет, нешто што посакувала да го прави од дете.

Заедно со членовите на балетското студио, таа сега ја одигра нејзината завршна претстава „Тајната на кукларот“ на сцената на Националната опера и балет.

„Заедно со малите и големите балерини настапивме на сцената на МОБ во претставата ‘Тајната на кукларот’. Се разбира аматерски, но за мене беше преубаво искуство и мала лична победа.

Благодарност до ‘Студио Балерина’, Маја, Кала и Сара за довербата. Се радувам на следната сезона“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/Елена Стојановска

Стојановска ја имаше првата објава за нејзиното ново хоби во февруари, со која откри дека почнала да оди на часови по балет.

„Мојата љубов во последно време. Како што гледате, јас нема да играм во ‘Лебедово езеро’, но си остварив една далечна желба“, напиша таа тогаш.

Фото: Инстаграм/Елена Стојановска

Интервју со Елена Стојановска-Јанковска: Се вљубив во маж ми на транс-журка, за среќа и тој во мене

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот