ФОТО+ВИДЕО | Се омажи поранешната Мис Универзум: Се појави во едноставна венчаница закопчана до грло

Фото: Инстаграм/„Вог“

Американскиот модел Оливија Кулпо (32) и ѕвездата на американскиот фудбал Кристијан Мекафри (28) вчера го изговорија судбонорносното „да“. Како што е познато, девојката е во врска од 2019 година, а се верија минатиот април.

Свадбената церемонија се одржа во „Воч хил“, а она што е главна тема во американските естрадни медиуми е венчаницата на Кулпо. Таа се одлучи за фустан од луксузната модна куќа „Долче & Габана“, а она што го имала како замисла била едноставноста.

„Кога размислувам за Кристијан и моментите кога мисли дека сум најубава, тоа е тој стил – безвременско, покриено и елегантно. Сакав да се чувствувам едноставно и како да ми дава комплименти, а не надмоќно. Има толку убавина во едноставноста“, изјави манекенката.

Фото: Инстаграм/„Вог“

Инаку, манекенката и модна инфлуенсерка беше прогласена за Мис Универзум во 2012 година, а јавноста ја памети по нејзиниот ангажман во шоуто„Маскираната пејачка“ („The Masked Singer“) минатата година.

ФОТО | Поминаа десет години откако победи на Мис Универзум: Оливија Кулпо изгледа неверојатно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот