ФОТО+ВИДЕО | Џенифер Лопез, Дикаприо, Џеј Зи и Бијонсе… Објавен списокот на славните кои биле на морничавите „бели“ забави на обвинетиот Пи Диди

Фото: Твитер/Икс/Профимедиа

Се појави ново видео на кое Шон Комбс, попознат како (П) Диди или Паф Деди, им зборува на гостите на една од своите легендарни „Бели забави“ во Хемптонс дека е време децата да си одат дома и да започне вистинската забава.

Видеото ексклузивно го објави порталот „Дејли мејл“, а на него јасно се гледа како раперот, според неговиот кодекс на облекување во бело, им се обраќа на гостите и го најавува почетокот на „лудата журка“.

Со шампањ во рака, Диди стои на балконот од вилата, а освен што опишува дека неговите забави се во знакот за „славењето на животот“, во еден момент им се обратил и на децата.

– Сите ве нахранивме, ви дадовме пијалак, сега е време да уживате во животот. Ова е прослава на животот. Ова е вистинска „Бела журка“. На децата им останува уште еден час, а потоа оваа работа се претвора во нешто на што, кога ќе остарите, сите ќе посакате да дојдете… па ајде, да почнеме да се забавуваме, да ги тргнеме децата. Сè е добро. Во ред диџеј, ајде да удриме на тоа. Ајде да го направиме тоа – рекол раперот во видеото.

Невозможно е денес, по големите и морничави откритија, да се слушнат овие негови зборови, без да се види во нив застрашувачка увертира за видот на развратот поради кои раперот е обвинет за серија злосторства и сега се наоѓа во притвор, под силен надзор, поради неговите закани дека ќе изврши самоубиство во центарот за притвор во Бруклин.

Името на Диди засекогаш ќе биде извалкано од обвиненијата со кои сега се соочува – рекетирање, сексуално насилство, киднапирање, трговија со луѓе – и откритијата за сексуалните „групни дејствија“ кои наводно траеле со денови и отишле дотаму што учесниците – честопати жени кои пружаат сексуални задоволства – потоа биле испраќани да се рехидрираат со инфузии.

Фото: Профимедиа

Но, во тоа време, пред да биде обвинет за водење криминален потфат и да се смета за закана за општеството и правдата, познатите личности се „тепале“ и барале покани за „Белите забави“ на Диди кои се случувале во неговиот дом во Ист Хемптон помеѓу 1998 и 2009 година.

Кои се личностите кои очајно сакале да присуствуваат на овие забави, а сега молчат за неговото апсење?

Фотографиите до кои ексклузивно дојде „Дејли мејл“ ја прикажуваат блескавата листа на гости. Сите големи имиња од филмската и музичката индустрија, а кои присуствувале на овие забави, занемеа кога раперот беше уапсен во Њујорк.

Па, да преминеме на списокот со насмеани лица од забавите што ги правел Пи Диди.

Меѓу нив е и латино дивата Џенифер Лопез, која му беше девојка на Диди помеѓу 1999 и 2001 година и која присуствувала на повеќе од една од забавите. На фотографиите таа е среќно насмеана со Диди, сега обвинет сериски предатор.

 


И богатата наследничка Парис Хилтон исто така била редовна гостинка на овие забави, вклучувајќи ја и оваа, одржана на 7 септември 1998 година, која таа ја опишала како „иконична“. Тука се и Хауард Стерн, Кели Озборн, Арета Френклин, Леонардо Дикаприо, Марта Стјуарт, Џеј Зи и Бијонсе, Мараја Кери и тогашниот сопруг Ник Канон, парот Томи Ли и Памела Андерсон, младите Ким и Клои Кардашијан… навистина секој се нашол таму, и тоа – гордо.

Потресно, таму е и поранешната на Диди, Ким Портер, мајка на трите деца на музичарот, која почина во 2018 година на 47-годишна возраст. Во некои кадри, таа седи до Диди, насмеана со нивните близнаци Д’Лила и Џеси Џејмс Комбс во нејзиниот скут.

И, иако нема навестување дека познатите личности кои присуствувале на забавите биле инволвирани во некоја од нелегалните активности на Диди, штом децата ќе ги оставеле дома, работите станувале диви. На фотографиите снимени на претпоследната забава на Диди во 2008 година, оскудно облечените, полуголи девојки пливаат во базен, а на повеќето фотографии, тие делат бакнежи додека ги полеваат со скап шампањ.

Се огласи поранешната девојка на Диди по снимката на која брутално ја тепа: „Сè уште се опоравувам“

Подемот и падот на Шон Комбс: Одбиена кауцијата од 50 милиони долари, останува во притвор, а му се заканува доживотна робија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот