ФОТО+ВИДЕО | Најбизарното нешто што ќе го видите денеска: Јапонски научници направија робот со лице од човечка кожа

Фото: Profimedia

Тим од јапонски научници претставија робот на кој му е пресадена вистинска човечка кожа и го нарекоа „лицето на иднината“.

На Универзитетот во Токио, научниците успеаја да ја поврзат кожата одгледана во лабораторија со „лицето“ на роботот. На тој начин првпат успеаја да добијат насмевка на лицето на роботот.

Имено, роботот содржи структури слични на лигаментите кои ги имаат луѓето и животните, кои обезбедуваат флексибилност и сила, пишува „Њу саентист“.

Фото: Takeuchi et al / University of Tokyo / Ferrari / Profimedia

Научниците направиле дупки на лицето на роботот, па кожата ја закачиле со колагенски гел. Според научниците, кожата е мека и може да се регенерира доколку дојде до оштетување.

Научниците веруваат дека човечката кожа за роботи може да направи револуција и во роботиката и во козметичката индустрија.

Покрај тоа, тие веруваат дека оваа кожа би можела да биде клучен чекор во создавањето роботи кои „имаат чувства како луѓе“, односно веруваат дека ова откритие може да поттикне создавање роботи кои би биле верни копии на луѓето, со вградени сетилни способности.

„Природната флексибилност на кожата ѝ овозможува на кожата да се движи со механичките компоненти на роботот без да се кине или олупи“, вели водечкиот истражувач професор Шоџи Такеучи, чија лабораторија веќе има изградено роботи способни да одат со помош на биолошко мускулно ткиво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот