ФОТО+ВИДЕО | Момчето од кого Рита Ора го зема српското знаме: Јас не сум виновен за ништо!

Фото: Инстаграм/iam__gaga

Британската пејачка Рита Ора, која по потекло е од Косово, предизвика низа реакции на социјалните медиуми кога прексиноќа на концерт во Унгарија зеде српско знаме од публиката и се нагрна со него.

Во изјава за српскиот медиум „Телеграф“, момчето по име Боривоје, од чии раце пејачката го зеде знамето, објасни дека тој не е од Србија, туку од Унгарија. Со оглед на тоа што неговата мајка е од Србија, тој негува љубов кон оваа земја и затоа го понел знамето на музичкиот фестивал во унгарскиот град Сегед.

„Роден сум во Унгарија, а мајка ми е Србинка. Отидов на фестивалот во Сегед и секогаш го носам српското знаме со мене. Го внесов без проблем, во Сегед многу ги сакаат Србите и не правеа никакви проблеми. Отидов порано на концертот за да можам да станам во првиот ред“, откри Боривоје за „Телеграф“.

Фото: Инстаграм/iam__gaga

Како што вели момчето, тој не ѝ го подал знамето, туку пејачката сама му го зела од раце. Тоа е нешто што многу го изненадило.

„И таа ме изненади мене, помина и ми го зеде знамето од рака. Само сакав да направам видео за Тикток. Никој друг освен мене не беше со знамето на Србија“, објасни тој.

Фото: Инстаграм/iam__gaga

На крајот од разговорот истакнал дека после тоа немал никакви проблеми. По концертот разговарал со некој Албанец кој видел сѐ и му рекол „дека е многу разочаран од Рита“.

„После тоа немав никаков проблем. Разговарав со Албанец по концертот и му кажав дека таа ми го зеде знамето од рака, а тој рече дека видел дека не сум јас виновен и дека е многу разочаран од неа“, заклучил Боривоје.

Евровизиските обожаватели негодуваат за настапот на Рита Ора: Зарем не се сеќавате што рече?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот