ФОТО+ВИДЕО | Хуман гест: Џони Деп посети деца во болница во Шпанија облечен како Џек Спароу

Џони Деп / Фото: EPA / X / OSI Donostialdea ESI

Џони Деп (61) повторно се појави во ликот на капетанот Џек Спароу  од филмот „Пиратите од Карибите“, за да ги развесели децата во шпанската болница „Доностија“, додека присуствуваше на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија, пишува „Пипл“.

За време на посетата, актерот разговараше, играше и се смееше со децата на педијатриските и онколошките одделенија, а со тоа малку ги развесели во тешките моменти за нив.

Здравствената служба на Баскија, му се заблагодари на актерот за одвоеното време и енергија, истакнувајќи дека тој е „свеж воздух“ за целиот персонал.

Инаку, Деп често ги посетува болниците ширум светот за да ги расположи болните, па во 2015 година посетуваше деца во австралиска болница, а во 2018 година посетуваше болни деца во Париз.

ВИДЕО | Џони Деп ги среди забите и покажа нова, светла насмевка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот