ФОТО+ВИДЕО | Енергична и секси: Шакира во мини здолниште и маичка со светки ја „запали“ сцената на полувремето на Копа Америка

Шакира / Фото: Profimedia / Jorge Martinez / imago sportfotodienst / Profimedia

Колумбиската пејачка Шакира синоќа настапи на полувремето од финалето на Копа Америка на стадионот Хард Рок во Мајами Гарденс и воодушеви со својата енергична изведба и специјалните ефекти на сцената.

Нејзиниот настап содржеше и елементи со вештачка интелигенција кои вклучуваа приказ на волчица додека завива на самиот почеток на настапот, по што на сцената се појави колумбиската пејачка.

Шакира се појави во светкава комбинација од сребрен топ и кратко здолниште и сребрени чизми. За време на изведбата на енергичната песна за отворање и хитот кој ја одбележа нејзината кариера „Hips Don’t Lie“, ѝ се придружи толпа танчери, а пиротехниката го комплетираше целото искуство.

За нејзината изведба на „Te Felicito“, „TQG“ и „Puntería“ од нејзиниот последен албум „Las Mujeres Ya No Lloran“, специјалните ефекти како зелените пламени, црвените драгоцени камења и морето од смарагдно зелени бранови ја опкружија и надополнија сцената на која настапуваше.

Инаку, Шакира ќе тргне на светска турнеја која ќе започне во ноември од арената Акришур во Калифорнија. Тоа ќе биде прва турнеја на колумбиската ѕвезда од 2018 година.

„Мислам дека ова ќе биде најголемата турнеја во мојата кариера досега, најобемната, со најголем опсег“, изјави Шакира претходно за „Ролинг Стоун“.

Таа додаде дека нејзините концерти обично траат околу 90 минути, но дека овие ќе траат нешто повеќе од два часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот