ФОТО+ВИДЕО | Џастин и Хејли Бибер ќе станат родители: Двојката го очекува своето прво дете

Фото: Инстаграм/Џастин Бибер

Музичката ѕвезда Џастин Бибер (30) и неговата сопруга, манекенката Хејли Бибер (27), ќе станат родители за првпат.

Тие ја објавија среќната вест на своите инстаграм-профили, каде споделија видео од нивното обновување на брачните завети.

Исто така, објавија и неколку заеднички фотографии на кои се гледа трудничкиот стомак на манекенката, облечена во долг чипкаст фустан.

Фото: Инстаграм/Џастин Бибер
Фото: Инстаграм/Џастин Бибер

Да потсетиме, Џастин и Хејли Бибер стапија во брак во септември 2018 година, две месеци по свршувачката. Девојката направи голема свадбена прослава во 2019 година, заедно со членовите на семејството и пријателите.

Тие ја искажуваа својата желба да станат родители уште во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот