ФОТО+ВИДЕО | Дрво падна врз жена кај Европски универзитет

Силниот ветер кој попладнево дивее во Скопје собори дрво кај Европски универзитeт и повреди жена која веднаш била пренесена на скопските клиники.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

 

 

Фото: Слободен печат/Методи Здравев

На местото на несреќата излезени се скопските пожарникари и полициски екипи.

Поради паднатото дрво сообраќајот се одвива отежнато.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од УХМР предупредија дека во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде што има опасност од одрони и свлечишта.

– Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/ч) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени, информираа од УХМР.

ВИДЕО | Дрво падна врз автомобил во населба Пролет

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот