ФОТО+ВИДЕО | Босански „Хобитон“: Населба инспирирана од делата на Џ. Р. Р. Толкин

Фото: Инстаграм/„Хобитон“

Љубителите на пишаниот збор на англискиот писател Џ. Р. Р. Толкин барем еднаш во животот посакале да поминат одреден период во магичните куќички од фантастичната новела „Хобит“ (1937).

Не далеку оттука, поточно во Босна и Херцеговина, четирите сестри Марија, Милијана, Ведрана и Валентина Миличевиќ изградиле преслатка туристичка населба, инспирирана од делата на Толкин.

Туристичката дестинација е наречена „Хобитон“, каде во иднина ќе има пет куќички, кои наликуваат на оние во кои живеат фиктивните ликови Билбо и Фродо Багинс.

Фото: Инстаграм/„Хобитон“

„Хобитон“ се наоѓа во Ракова Нога, населба близу Крешево, на само половина час возење од Сараево, а настанал благодарение на долгогодишниот сон на Марија. Верувајќи дека и Крешево може да биде место кое ќе ја збогати туристичката понуда на Босна и Херцеговина, таа сакала своја туристичка дестинација која ќе привлече туристи од регионот, но и од целиот свет.

За среќа, нејзините сестри ја поддржувале нејзината визија уште од првиот ден, па сите четири ги засукале ракавите и се фатиле за работа. Секоја од нив била задолжена за украсување на една од куќите, а украсувањето на петтата куќа им го препуштиле на родителите.

Идејата била секоја од нив да има свое име и секоја да биде украсена на свој начин. Но, за разлика од самата населба, тие не сакале да оддадат почит на легендарните дела на Толкин, туку на историјата и традициите на нивното родно место.

Фото: Инстаграм/„Хобитон“

Досега целосно се завршени две куќи – „Липа“, инспирирана од среќното детство и дрво кое симболизира среќа, убавина, здравје и долговечност, и „Обер“ – куќа што наликува на пештера, именувана по пештерата Обер, која некогаш била рудник за жива. Во „Липа“ сѐ е изработено од природни материјали и украсено според некогашните обичаи, додека во „Обер“, инспирирана од живата, сите детали се црвени.

Иако останатите три куќи сѐ уште не се досредени и сѐ уште не се именувани, сето она што е веќе завршено е повеќе од доволно да ги воодушеви посетителите од целиот свет.

Куќичката „Липа“ / Фото: Инстаграм/„Хобитон“

Покрај куќичките, во кои има мала дневна соба, простор за спиење, мала бања и кујна, секоја има и свој двор со скара и пешачка патека која води до блиската магична шума.

Интересно е дека се поставени и малечки куќарки за домашните миленици кои патуваат со нивните сопственици.

ФОТО | Човек „сосема случајно“ си направил куќа како оние од „Хобитот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот