Фотографија од 1941 година стана вирална: „Дали момчето држи ајпад во раце?“

Фото: Circa Images / Universal images group / Profimedia

Фотографија од 1941 година предизвика дебата на социјалните мрежи поради еден мал детаљ во рацете на една од личностите кои се наоѓаат на неа.

На фотографијата, направена од Едвин Роскам, се гледа група луѓе кои чекаат да влезат во кино, но предметот во раката на момчето со капа од десната страна на фотографијата го привлече вниманието.

„Како може ова момче да носи ајпад во раката? Зона на самракот?“, напиша еден корисник на Редит, што предизвика дебата.

Фото: Circa Images / Universal images group / Profimedia

„Дали ова е доказ за патување низ времето?“, одговори еден од корисниците, додека друг се пошегува дека „’Епл’ е навистина пред своето време“.

Меѓутоа, малку поразумните заклучија дека се работи за некаков друг предмет, како книга или тетратка, бидејќи децата во тоа време не се забавувале со ајпади, кои беа пуштени во продажба дури во 2010 година.

„Тоа е Библијата, тој веројатно одел во кино после црква, тоа било вообичаено во тоа време“, напишале тие.

Патем, Роскам редовно го документираше животот на црнечката заедница во САД во тоа време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот