ФОТО+ВИДЕО | Галичка свадба 2024: Стефана и Даријан го изговорија судбоносното „да“

Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Бројни туристи и домашни посетители сведочеа за судбоносното „да“ на Стефана Димитрова и Даријан Кочоски.

По 61. пат кажани молитвите за галичките младенци, по 61 пат невестата го погледна низ прстен својот избраник, по 61. пат се заигра „Тешкото“ среде Галичник, по 61. пат викнаа зурлите и тапаните, по 61. пат мијаците беа центарот на светот.

Бројни туристи и домашни посетители сведочеа за судбоносното „да“ на Стефана Димитрова и Даријан Кочоски.

Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Галичката свадба и оваа година помина во најдобар ред. Со канење на мртвите започнаа ред по ред сите адети кои ја красат оваа манифестација, правејќи ја единствена по многу нешта.

Традиционално, кумот беше поканет со сите салтанати, а потоа зетот седна на дрвено столче среде село за да го избричат.

Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Весело беше и кога тргна свадбената поворка по невестата. Уште повесело стана во предворјето на нејзиниот дом. Сватовите ги вкрстија муабетите со ишарети и многу смеа за присутните.

– Како од македонските приказни сме – рече еден од сватовите.

Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Невестата не излегуваше сѐ додека не си ги одмерија богатствата, а станува збор за еден симболичен адет. Сватовите од страната на зетот покажуваат колку се имотни и дека ќе ја чуваат убаво. Се вртеше погачката околу богатата трпеза. Потоа, Стефана излезе облечена како мома, а не како невеста, бидејќи сѐ уште не беше станата невеста. Таа ги послужи сватовите и со баци рака ги поздрави. Со наведната глава покриена со шамија се врати во одајата да се преоблече во невестинско руво.

Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Оттаму невестата качена на коњ, а пред неја бајрактарот, ја поведе одново поворката. Тргнаа кон црквата „Св. Петар и Павле“ каде се изврши светото венчавање.

Крунисувањето на љубовта се случуваше во присуство на илјадници гости, меѓу кои и претседателката на државава Гордана Сиљановска-Давкова, која е покровител на манифестацијата.

Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Свадбената церемонија особено восхитува и со традиционалното присуството на играорците на КУД „Танец“. По 61 пат пред чешмата „Упија“ се заигра невестинското оро, а по него почнаа да се слушаат звуците на „Тешкото“, од која буквално се ежеше кожата.

Со носење на невестата на вода и испраќање на тапаните се заврши уште една Галичка свадба.

Да се ќердосат!

Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ
Галичка свадба 2024 / Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот