(ФОТО) Збунети и во страв: Палестинците се евакуираат пред новите израелски наредби на југот на Газа

Голем број жители на јужниот дел на Газа ја напуштија областа, откако тековните израелски операции на територијата што ги дели Рафах и Кан Јунис се приближија до нивните засолништа.

Ова е најновата евакуација од регионот кој беше под израелскиот упад од почетокот на мај, принудувајќи ги речиси сите Палестинци кои се засолниле во Рафах да заминат.

Палестинците ги спакуваа своите работи во камиони и приколки влечени од магариња и тргнаа во правец на централниот дел на Појасот Газа.

Тие рекоа дека ги евакуирале своите засолништа кои биле под израелски напади во текот на ноќта и се вратиле да ги соберат своите работи пред да го напуштат градот.

Палестинците велат дека прогласената безбедна зона на Израел, Муваси, е преполна со шаторски кампови и е со многу ограничен пристап до бањи и болници.

Израел тврди дека треба да оперира таму за да ги порази преостанатите баталјони на Хамас во областа.

Жителите на Газа се принудени да живеат во урнати згради и шатори крај огромни купишта ѓубре, изјави денеска портпаролката на ООН, Луис Вотериџ.

Таа ги опиша условите за живот на жителите на палестинската територија како „исклучително страшни“ и им рече на новинарите во Женева преку видео врска од центарот на Газа дека ситуацијата е „навистина неподнослива“.

Вотериџ додаде дека ситуацијата се влошила во последните четири недели.

„Денес е најлошо до сега, а утре ќе биде уште полошо,“ изјави таа.

Поради деветмесечната војна меѓу Израел и Хамас, Газа е уништена. Тешко е да се донесе гориво и безбедно да се дистрибуира помош, потенцира таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот