ФОТО | Заљубени до уши: Моника Белучи и Тим Бартон разменија нежности на филмски фестивал

Моника Белучи и Тим Бартон / Фото: EPA / Profimedia

Италијанската актерка Моника Белучи и режисерот Тим ​​Бартон се појавија на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, а според фотографиите, 59-годишната убавица и 66-годишниот режисер изгледаа заљубено додека им позираа на насобраните фотографи.

Фото: EPA-EFE/JAVIER ETXEZARRETA

Актерката блесна во темно шик сако, под кое носеше црно боди од тантела, и широки панталони, а долгата коса ја остави пуштена и носеше очила за сонце. Бартон се одлучи исто за темно одело и темна кошула, со црна капа и очила за сонце на главата.

Фото: EPA-EFE/JAVIER ETXEZARRETA

Двојката првпат се запозна пред 16 години, но се вели дека почнале да се забавуваат по средбата на филмскиот фестивал „Лумиер“ во Лион во октомври 2022 година. Моника ја потврди нивната врска во јуни следната година.

Фото: Europa Press/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Инаку, италијанската ѕвезда глуми во неговиот нов филм „Битлџус“ заедно со Џена Ортега, Мајкл Китон и Винона Рајдер.

ФОТО | Легендарниот Тим Бартон доби ѕвезда на Булеварот на славните, покрај него беше и Моника Белучи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот