ФОТО | Забава со фудбал и змија: Синот на Катарина Ивановска го прослави 7. роденден

Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска

Синот на манекенката Катарина Ивановска (35), Вања, вчера (30 мај) го прослави својот седми роденден.

Во друштво на сестричката Кира и другарчињата, славеникот ја дувна свеќичката со број 7 на големата роденденска торта, направена со мотиви од акционата видеоигра „Брол старс“.

Во останатиот дел од времето, момчињата играле со фудбал, а четиригодишната Кира позирала со змија. Слободно може да се заклучи дека девојчето е целосна копија на мајка ѝ!

Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска
Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска
Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска

Да потсетиме, Катарина Ивановска беше во повеќегодишна врска со нејзиниот поранешен партнер Цобе, со кого ги доби синот Вања и ќерката Кира.

По нивната разделба, Ивановска беше во љубовен однос со кошаркарот Перо Антиќ, а сега е заедно со Стефан Ханџиски, директорот на „АСУРА груп“.

Катарина Ивановска и Стефан Ханџиски / Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот