ФОТО | Восочна фигура со ликот на Бијонсе изложена во музеј во Париз

Фото: STEPHANE DE SAKUTIN / AFP / Profimedia

Новата восочна фигура на Бијонсе е откриена во музејот „Гревин“ (Grevin) во Париз, Франција, а обожавателите се сомневаат во нејзината сличност со ѕвездата.

Восочната фигура на пејачката во природна големина беше откриена во четвртокот. Француска двојничка на Бијонсе во музејот седи во долг, лелеав фустан со длабоко деколте, а косата ѝ е пуштена во нежни бранови.

Фото: Berzane Nasser/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Изгледот го имитира стилот на пејачката со нејзините долги прамени украсени со силна шминка, сребрени високи потпетици и накит.

Сепак и покрај напорите да се направи восочната фигура да изгледа токму како поп-ѕвездата, фановите не беа задоволни од исходот.

Пред неколку години Бијонсе доби восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“, но наиде на бројни поплаки. Имено, восочната фигура имала светол тен, а од музејот објасниле дека за тоа е виновна комбинацијата на осветлувањето во музејот со светлината на фотографскиот блиц.

Иако музејот се обиде да ја поправи спорната фигура и го промени осветлувањето и стајлингот, многумина тврдат дека пејачката е „непрепознатлива“.

Инаку, Бијонсе неодамна го објави долгоочекуваниот албум „Cowboy Carter“ и ги воодушеви своите фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот