ФОТО: Во Ново Лисиче уништени фасади, три коли згмечени од паднато дрво, жителите и натаму без електрична енергија

фото: Слободен печат

Допрва ќе се бројат штетите од силното невреме кое го зафати главниот град. Во скопско Ново Лисиче еден куп паднати дрвја, а најмалку три коли се со огромни штети. Жителите кои се јавија во редакцијата на Слободен печат велат дека автомобилите биле буквално згмечени од паднато дрво.

Во меѓувреме, проблемот со електричната енергија никако да се реши. Жителите на оваа населба и натаму се во мрак.

Претходно, Електродистрибуција соопшти дека екипите се излезени на терен и работат на решавање на проблемот. По оваа реакција на екипите, делови од Аеродром добија електрична енергија, но не и Ново Лисиче.

фото: Слободен печат
фото: Слободен печат
фото: Слободен печат
фото: Слободен печат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот