ФОТО | Викторија и Дејвид Бекам снимени во Италија: Дали повторно ќе одат во Лопуд?

Фото: COBRA TEAM - CIAOPIX / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Викторија и Дејвид Бекам поминаа романтичен викенд на Сардинија пред нивната 25-годишнина од бракот оваа недела.

Двојката е снимена на јахта со синот Ромео (21).

Фото: COBRA TEAM – CIAOPIX / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Инаку, во 2022 година ја прославија својата годишнина во Хрватска, каде што веќе традиционално секоја година се со семејството на островот Лопуд. Тие се одмораа на луксузниот имот Лопуд 1483. Тоа е поранешен манастир кој бароницата Франческа фон Хабсбург го реновирала и денес е една од врвните локации на Јадранот. Во рамките на комплексот има и Света градина. Изнајмувањето на тој луксузен комплекс за еден ден чини 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1.400 евра. Таму го прославија роденденот на својата ќерка Харпер.

Фото: COBRA TEAM – CIAOPIX / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Минатата година уживаа во август во Хрватска.

Инаку, Викторија и Дејвид се венчаа на 4 јули 1999 година во замокот Лутрелстаун во Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот