ФОТО + ВИДЕО | Кристина Агилера е сѐ послаба: „На неа остана само главата и изгледа болно“, коментираат обожавателите
Пејачката Кристина Агилера значително ослабе, па нејзиното последно видео стана вирално на социјалните мрежи и ги вознемири нејзините обожаватели.
Таа беше снимена на „Barry’s Bootcamp“ каде што дојде да соработува и да ја прослави 25-годишнината од нејзиниот истоимениот деби албум. Пејачката за оваа пригода облече црн, тесен комбинезон и чизми над колена, комбинација која дополнително ја истакна нејзината витка фигура.
„Се исуши“, „Ѝ остана само главата“, „Изгледа болно“, „Ова не е нејзината стара тежина. Мислам дека сега е послаба од кога било. Погледнете ги нејзините раце“, напишаа некои на „Икс“.
all this talk about christina aguilera and her body is really gross. xtina has always been thin, she was naturally thin as a teenager, her body fluctuated throughout the years as it does when get older, live and have kids. ozempic or not. she looks amazing. leave her alone fuck. pic.twitter.com/2XKBG9MnAs
— BRAVO’S PUBLICIST 💋💋💋 (@BravoPublicist) September 30, 2024
Инаку, пејачката претходно изјави дека во музичката индустрија била соочена со барања како треба да изгледа.
„Кога си тинејџер имаш сосема поинакво тело отколку кога имаш 20 години. Тогаш луѓето од индустријата ми рекоа: „Им се допадна твоето тело и каква си како слаба тинејџерка, тоа е она што се бара“ признала пејачката.
Bruh that’s CRAZY pic.twitter.com/hLyaYjbwcA
— #bluffingwithmymuffin👹🩵 (@Gaga3Tyler) September 30, 2024