ФОТО+ВИДЕО | Хали Бери со влакнести пазуви и руса коса: Неверојатна трансформација за новиот филм

Фото: Инстаграм/ halleberry

Актерката Хали Бери (58) на Инстаграм покажа низ каква трансформација поминала за улогата во филмот „Never Let Go“.

Меѓу другото, таа објави видео и фотографија на која ги покажува лажните влакна на пазувите и тетоважите кои биле потребни за нејзиниот лик во филмот.

„Мама во изработка. Еден од најкомплексните ликови што сум го имала задоволството да го играм. „Never Let Go“ е насекаде во кината“, напиша актерката.

На видеото што го објави, се гледаат Хали и нејзината шминкерка Норма Патон-Ловин како се смеат на влакната под пазувите. Таа сцена изненади и згрози некои нејзини следбеници.

Фото: Инстаграм/ halleberry

„Влакнеста Бери“, „Ме исплаши. Фала Богу ова е за филм“, „Не си играј со мене Хали“, „Не сум љубител на влакнести пазуви на жените“, „Жени, ова не е слатко , не го следете овој тренд“, „Треба да се избричиш“, „Што се случува?“, „Одвратно“, се дел од коментарите.

„Never Let Go“ е американски хорор филм за преживување во режија на Александар Аџа и сценарио на Кевин Кафлин и Рајан Грасби. Заплетот на филмот се врти околу семејство кое со години го прогонува злиот дух. Нивната безбедност и нивната околина се доведуваат во прашање кога едно од децата се прашува дали злото е реално. Хали ја игра мајката на близнаците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот