ФОТО+ВИДЕО | Бела Хадид се врати на модната писта по пауза од две години

Фото: Reynaud Julien/APS-Medias/ABACA/ / Shutterstock Editorial / Profimedia

Манекенката Бела Хадид се врати на модната писта за првпат по две години за време на Mодната недела во Париз.

Бела се врати во светот на високата мода за ревијата на „Сен Лоран“, каде беше претставена женската колекција за пролет-лето 2025 година. Таа на пистата се појави во предимензиониран црн костум со бела кошула и вратоврска.

Фото: Reynaud Julien/APS-Medias/ABACA/ / Shutterstock Editorial / Profimedia

Како моден додаток, 27-годишната манекенка носеше очила за сонце со црни рамки додека нејзината коса беше собрана во елегантна пунџа.

Пред нејзиното појавување на Модната недела, Бела последен пат работеше на модна ревија во октомври 2022 година, кога прошета по пистата на хуманитарен настан организиран од Наоми Кембел и Катар Креатс во Доха.

Инаку манекенката летово беше во центарот на вниманието откако „Адидас“ ја исфрли од реклама за ретро патики, чиј изглед беше инспириран од Олимписките игри кои се одржаа во Минхен во 1972 година. Тогаш 11 израелски спортисти беа држени како заложници и убиени.

Компанијата беше на удар на критики поради поддршката на Хадид за Палестина, која во исто време влече корени од оваа земја.

Манекенката претходно го навлече гневот на израелската влада поради наводното извикување на слоганот „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“, па дури беше обвинета и за антисемитизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот