ФОТО | Ванеса Хаџенс ги искритикува папараците: „Ми ја уништивте приватноста по породувањето“

Фото: Profimedia

Американската актерка Ванеса Хаџенс (35) и нејзиниот сопруг Кол Такер (28), кој е познат играч на бејзбол, станаа родители на нивното прво дете во средата (3 јули).

Папараците го фотографираа нејзиното излегување од болница, па потоа јавно ги објавија фотографиите на кои таа седи во количка и го држи бебето во прегратка.

Хаџенс го потврди раѓањето на детето со објава на Инстаграм, каде што и ги искритикува папараците и го искажа своето незадоволство поради објавувањето на фотографиите.

„Разочарани сме што не беше почитувана приватноста на нашето семејство и што беше изложена јавно во овие посебни моменти, а сето тоа поради медиумската алчност. И покрај сè, мама, тато и бебето се среќни и здрави“, напиша Ванеса.

 

Фото: Инстаграм/Ванеса Хаџенс

Да потсетиме, Ванеса Хаџенс ја потврди својата бременост на црвениот тепих на годинашното издание на Оскарите, каде што продефилира во црн фустан и го покажа трудничкиот стомак.

Ванеса Хаџенс и Кол Такер се запознаа во 2020 година, преку Зум. Тие посетувале групна медитација среде пандемијата на коронавирусот.

Двојката ја потврди врската по неколку месеци состанување, а набрзо и се верија. Тие се венчаа минатата година во Мексико.

ФОТО | Ванеса Хаџенс откри дека е бремена: Актерката го покажа трудничкиот стомак на Оскарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот