ФОТО | „Убава си таква каква што си“: Ќерката на Брус Вилис откри дека ги отстранила филерите од лицето

Фото: Instagram / buuski

Американската актерка Талула Вилис (30) ги отстрани филерите од нејзиното лице и ја сподели својата прва фотографија по операцијата, пренесе „Мирор“.

Најмладата ќерка на актерот Брус Вилис и неговата поранешна сопруга Деми Мур го покажа својот природен изглед на Инстаграм.

„Се плашев да спомнам, но неодамна ми се раствори филерот. Ја немав видено мојата вистинска структура на коските цели шест години. Сè уште се борам да се прифатам себеси таква каква што сум…“, напиша таа во својата објава.

„Не ти требаат филери, убава си таква каква што си“, „Добра одлука“, „Убава си и тоа е единственото нешто што е важно. Заборави на сѐ друго“, „Лицето ти е убаво“, гласат дел од коментарите на нејзината објава.

Фото: Инстаграм/Талула Вилис
Фото: Инстаграм/Талула Вилис
Фото: Инстаграм/Талула Вилис

Инаку, Талула Вилис неодамна соопшти дека има аутизам. Таа откри дека минатото лето ѝ било дијагностицирано ова нарушување и дека дијагнозата ѝ го променила животот.

„Всушност, за првпат јавно ја споделувам мојата дијагноза. Открив ова лето и тоа ми го промени животот“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот