ФОТО | Турскиот музеј „Доживувањето на Ефес“ прогласен за најдобар во светот

Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Музејот „Доживувањето на Ефес“ (Ephesus Experience) од истоимениот град во Турција, а на светската листа на УНЕСКО, освои светско признание во Лас Вегас – награда на „Мондо – Др“, во категоријата „Најдобар музеј“, соопштија од музејот.

Како што е наведено, наградите „Мондо – Др“ се една од најистакнатите светски признанија во областите на технологијата, дизајнот и изложбите, кои ги покрена магазинот „Мондо-др“ во 2017 година во чест на најдобрите инсталациски проекти во светот.

Со оцена на независните членови на жирито, низ светот е препознаена исклучителната работа на музејот  како институција која ги поканува посетителите на „незаборавно патување каде што ќе ги истражуваат улиците на Ефес и ќе ги откријат мистериите на античкиот свет“.

Фото: Mahmut Serdar Alakus / AFP / Profimedia

Како што велат, фокусот бил ставен на дизајнот на просторот, искуството и доживувањето на посетителите, како и на техничката инсталација.

– Музејот „Доживувањето на Ефес“, еден од првите музеи во светот кој ја комбинира искуствената музеологија со историското раскажување приказни, ги пречекува посетителите на древниот град Ефес во прекрасниот егејски град Измир. Ефес, кој привлекува илјадници домашни и странски туристи секоја година, е еден од најважните градови во светот и меѓу најинтригантните дестинации на турскиот брег на Егејското Море. Ефес е на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 2015 година и беше еден од најголемите пристанишни градови во своето време. Користејќи импресивни технологии, музејот на доживувања во Ефес им овозможува на посетителите лично да го искусат секојдневниот живот, трговијата, архитектурата и уметноста на Ефес во текот на ова златно доба – е напишано  во соопштението на музејот.

Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Наградениот музеј е дизајниран од голем тим архитекти, кустоси, дизајнери, уметници, експерти за технологија, историчари и археолози од водечки компании и академски институции од Турција и од целиот свет, а развиен е од музејот ДЕМ.

Античкиот град Ефес е дом на храмот на Артемида и едно од седумте светски чуда на античкиот век.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот